|
Турски Сликар од 15 век. Научниот свет се уште дефинитивно го нема утврдено вистинскиот идентитет на сликарот Сијах Калем, но сликите потпишани со ова име, особено еден дел од нив, го привлекоа вниманието на голем број реномирани историчари на уметноста од целиот свет.Сликарските карактеристики кј Сијах Калем покажуваат вистински разновидност, односно оа сликарсто претставува вистинска култура интеза , бидејки носи обележења на повеќе сликарски традиции. Тука се среќаваат Kинески ,Будистички, Шаманистички, Манихејски, Тибетски, Антички (Хеленистички), Персиски и Византиски елементи. Но и покрај мноштвото влијанија, доминира оргиналниот стил на уметникот.Кај тематиката , покрај карактеристичните демони, доминираат сцени од животот на Турците номади во Средно-Азиските степи, со значаен акцент на шаманизмот.Сликите кои го носат потписот на Мухаммед Сијах Калем се чуваат во склоп на албумите кои се наоѓаат во Трезорната Библиотека на Топкапи Сараји во Истанбул.Делото на Сијах Калем , кое останало сочувано до денес , е многу значаен документ за традицијата на фигуративното сликарство кое се родило во Турско-Монголските заедници.Она што е најинтересно и фундаментално во врска со овие слики е тоа што можеби тие се почеток на сликарството во Исламскиот свет.Во претставите на шаманите што танцуваат гледаме израз на динамична , моќна и енергична манифестација на „духот“ евоциран и асоциран со ритуално движење отелотворено во „танцот“.Покрај ова , наизглед симболична во движењата како што е случај во класичниот Индиски танц и скулптура (постојат очигледни индикации за ова) , сликата е уникатна, не како илустрација, туку рефлективна во реализмот кој ги прикажува набљудуваните ритуали кои најверојатно му биле познати на Сијах Калем.Оргиналниот извор , односно местото каде настанал овој стил останува енигма ( иако се посочуваат некои подрашја во Централна Азија кои биле допир воедно и со Шаманизмот и со Будизмот)Крајно значаен е и мистичниот контекст во сликарството Сијах Калем кој се огледува пред се во неговиот сензибилитет , а потоа и во самите претстави на дервиши , како и во поврзаноста на овој сликар со нкои секти на која укажуваат повеќе историчари на уметноста. И покрај се она што во себе го крие ова име , односно псевдонимот Сијах Калем , кој според некои историчари на уметноста можеби бил употребен и како индикатор за методот на сликање , уметникот сепак останува анонимен бидејки нема точни податоци за местото на неговото раѓање , смрт , каде живеел , каде работел и сл. Причина за ова е силното влијание на исламскиот став кон фигуративното и репрезентативното сликарство , кое било третирано како идолопоклонство. Но сепак визуелниот естетски порив наречен Сијах Калем дошол до израз и оставил траен белег во историјата на турското, исламското и светското сликарство. РИФАТ ЕМИН
За Сијах Калем од Орхан Памук Можеби ви е позната приказната за сликарот Шејх Мухамед од Исфахан. Му немало рамен во изборот на боите, урадувањето на страниците, сликањето на луѓе и животни, во чии што слики си можел да ја збележиш поетичноста и возбудата како и една тајна геометриска логика. Откако на млади години се здобил со слава, овој сликар со чудотворни раце, точно триесет години како во изборот на теми и уметничкото обликување, така и во стилот на своето време, достигнал највисок степен во развојот. Сликајќи во стилот на Сијах Калем, насликал страшни ѓаволи, рогати џинови, атови со големи јајца, полуживотни – полулуѓе, кои преку Монголите од Кина биле пренесени во тенкоставното и чувствително хератско сликарство; тој прв се заинтересирал за портретите симнати од португалски и фламански бродови; заборавените стилови од распарчаните книги кои допирале сè до времето на Џингиз Кан прв ги открил и ожиевал; покажал храброст за да го наслика Александар Македонски како ги онадува голите жени од островот на жените, како и ноќното капење гола на Ширин, од што им се дигале на мажите; заклечкани кучиња, шејхови како пијат вино и се опијануваат. Сè ова го беше сликал тајно или отворено пиејќи вино и употребувајќи хашиш. Потоа, во старост, престорен во дервиш за кусо време се расчуло за неговите безбожнички слики. Но, и потоа, тој продолжил да оди од град во град, од сарај во сарај, од библиотека во библиотека и сите свои преостанати триесет години ги употребил за уништување на сопствените слики. Секоја своја слика, каде и да ја нашол, ја шарал со црн молив. Таму каде тоа не му успевало, го правел преку итрина, внимавајќи да не го забележат. Ја кинел дотичната страница или врз својата слика истурал вода. Приказната ја раскажав за да послужи небаре пример и поука. И кога веќе тешко ги разликувал своите од туѓите слики, велат дека ја запалил величенствената библиотека во Казвин за време на владеењето на принцот Аббас Мирза. Приказната ја раскажав со извесни претерувања, завршувајќи ја со преданието, според кое, во огнот на библиотеката изгорел и самиот Шејх Мухамед, каејќи се и трпејќи страшни болки заради своите гревови. *** „Јас тебе ќе ти ја раскажам поинаквата верзија на истата приказна. Да, Шејхот Мухамед во преостанатите триесет години од животот навистина ги барал своите слики, но во истите место нив повеќе открил слики инспирирани од неговите. Во текот на последните години од животот, кај двете генерации сликари открил оти тие просто ги копирале неговите слики според меморијата. Колку што тој се трудел да ги уништи своите слики, толку повеќе младите сликари со воодушевување ги имитирале, од кои се користеле при илустрирање на други книги со нови приказни. Најпосле, Шејхот Мухамед сфтаил оти неговите слики се присутни секаде низ светот. Со текот на годините, од слика до слика, од книга до книга, сфаќаме оти добриот сликар преминува и во туѓата меморија. Најпосле се менува сликовната меморија и на самиот сликар. Откако сликите на еден добар сликар се преточат и во нас и во нашиот дух, тие се претвораат во универзален критериум за убавината. Шејхот Мухамед од Исфахан колку повеќе ги уништувал своите слики, не само што забележал оти тие се множат, туку дека сите сликари во светот почнале нештата да ги гледаат онака како што некогаш ги гледал тој, при што дури помислил оти она што не личело на неговите слики настанати во неговата младост, е грдо и излишно." Извадок од романот „Се викам Црвeно“ на Орхан Памук, во превод на Илхами Емин
Сијах Калем или Слободата на Духот
Да се зборува за слободата на мислата и духот денес, на прагот од 21 век, не е откривање на никакво чудо. Но, ако си замислиме оти истиот дух и мисла доаѓаат од далечниот 15 век, а воопшто не им се туѓи на нашето денес, претставува повеќе од чудо. Затоа што, пред 500 и повеќе години само исклучителните умови и творци можеле да прават исчекори пред своето време, оставајќи неизбришливи следи и сведоштва не само за времето во кое живееле, туку и за сите времиња и поколенија на единствената светска цивилизација.Меѓутоа, појавата на развиорениот сликарски талент на Мехмед Сијах Калем не е никаква случајна појава. Истиот век Турците, преку Султанот Мехмед Втори Освојувачот, на местото од веќе згниените корени на некогашната славна Византија, ја започнуваат Новата ера во светската историја воопшто, кога во новата престолнина Истанбул доаѓаат најпознатите научници и сликари на тоа време, меѓу кои се и славниот италијански сликар Белини и еден од основачите на првата расадхана (опсерваторија) во светот, Али Кушчу, кој го основа и Истанбулскиот Универзитет. На десниот агол од портретот на Белини на Султанот Мехмед Втори со златни букви е напишана датата 25 ноември 1480 година. Ова ја покажува широчината на погледите на младиот Султан, кој, според веродостојни извори ги говорел сите познати јазиви на своето време, а бил и поет. Неговиот син Султанот Бајазит Втори во 1492 година ги прифаќа и населува во Солун од шпанската инквизиција прогонетите Евреи-Сафарди.Во 15 век Турците Османлии го држат под закрила од шпанските и венецијанските напади слободарскиот град – Република Дубровник.Исто така, постојат веродостојни податоци според кои гробот на еден од најпознатите турски поети-мистици од 15 век Кајгусуз Абдал, се наоѓа во Битола.Оттука и нашата претпоставка оти и Сијах Калем во текот на својата Одисеја од Ујгурската област во Кина сè до Балканот, а можеби и понатаму, белким минал и низ нашава мала, сиромашна, напатена, но славна и света Македонија.На крајот уште само тоа дека животот и творештвото на раскрилениот сликар Мехмед Сијах Калем не случајно се паѓа токму во Турскиот Век во светската историја, како што за 15 век велат најкомпетентните познавачи на овој пресвртен период од историјата на човештвото. Илхами Емин Бесмртната слика на Црниот Молив Сијах Калем е една од најголемите мистерии на светската уметничка историја.Црниот молив е подеднакво важен не само за сиот Медитеран туку и за Азија заедно со Индија ,Кина и Јапонија, бидејќи нема меридијан каде што тој не оставил свој потпис на дела чии што автор никогаш не е откриен.Можеби Сијах Калем и никогаш не постоел, можеби тој е само состојба на духот за која можат да се најдат докази дури и во Конгресната библиотека во Вашингтон , дури и во една приватна колекција во Патагонија,во близината на Борхесовата родна Аргентина каде што се вели дека со еден брод од Истанбул и Високата Порта пристигнале три цртежи што детето Хорхе Луис Борхес ги видело насликани над небото на Андалузија.Во таа смисла Сијах Калем како можен турски невидлив современик и соговорник на Леонардо Да Винчи лично е одговорен за дефиницијата на Европа што подоцна се појавува во еден руски роман: ,, Европа е најскапата гробница на светот,,.Цртежите на Сијах Калем кои од Топ-Капи Сарајот во Истанбул и сите дервишки теќиња што ја разнесувале поезијата на Суфизмот со Јунуз Емре , Хаџи Вели Бекташ, i duhot na Mehmet Ulsoj, патувале под будното око од различни европски полиции завршувајќи со модерниот Интерпол, стигнале дури и во Македонија. Во самиот почеток на 21 век во една безимена земја покрај Вардар и под шедрванот на Стара Чаршија започна да се пишува една драма со име ,,Сијах Калем,,од две засенесени балкански глави сплотени во четири раце и четири очи во која се мешаа вековите бидејќи хроничарите ја викаат Македонија,,крстопат на мртви империи,,. Во нашето илјадалетно пријателство со Илхами Емин пишувајќи ја оваа пиеса имав чувство дека Аврамовото стебло, чиишто деца сме сите ние, може да никне на секој чекор во оваа Земја која се протега од Бит-пазар до Вавилон.Заедно сме ги изоделе сите патишта во кои што бил и не бил Сијах Калем.Сме ги барале во Султанските Хатишерифи и законодавните домови на Европа и Светот што секојдневно призведуваат беззаконие .Сијах Калем се роди во земја што ги родила и Александар Македонски и Ќемал Ататурк и за разлика од нив што се населија во историјата на реалноста, Црниот Молив е недостижната слика на вечноста и убавината во нас којашто има една единствена мана-таа е бесмртна. Јордан Плевнеш,- Арабати Баба- Теќе 27 март 2009 год.
Вечноста на Мигот Сликарската мистерија Сијах Калем беше голем предизвик за мене и за целиот ансамбл на Турскиот Театар. 99 луѓе влегуваат низ тајниот премин и низ еден лавиринт се движат кон местото на настанот. Поминуваат низ темен тунел. Знаци на патот . Атмосфера на мистичност. Публиката влегува во црниот простор, како да влегува во светиот камен Кааба. Столчињата , од кои може да се гледа на сите четири страни , нумерирани од 1 до 99. Театарот е одблесок на магијата и обредот , театарот зборува со онирички јазик. Сакаме театар што блика од слики, од незамисливо мноштво на слики, актерски облици од чии сенки можеби може да се прочита и одгатне тајната. Ние само ги доживуваме и ги испишуваме, не ја знаеме нивната содржина. Но можеби некој ќе ги прочита. Се обидуваме да го пронајдеме начинот на кој сцената би можела да биде магиска, мистична, иреална, речовита со самата слика, со сценската ситуација, со дејствието... за да може да биде разбирлива и самата по себе. Го пуштаме нашето тело да мисли, не ние ! Ја ослободуваме нашата органика од смислата на секојдневието. Онолку колку што Митот му дава смисла на Ритуалот, толку и Театарот му дава смисла на животот. Актерот ја разбудува својата божја природа, дека може да биде центар на Универзумот, дека од своето Шаманистичко потекло треба да ја црпи способноста да предизвикува колективна енергија и да биде господар на своето , а многу често , и на туѓото време. Актерот е Сонувач и Сонуван. Тој е божјиот материјал од кој е создадено уметничкото дело и самиот по себе е уметничко дело. Владо Цветановски |